(Видео) Стоилковски: Ковачевски никогаш не бил студент на Харвард

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ковачевски никогаш не бил студент на Харвард, туку посетил тридневен скап курс од каде што не се издава диплома!, истакна на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес конференцијата на Стоилковски:

Почитувани,

Кога го претставуваа како дечкото од Харвард, дипломец, молкум се смешкаше, ама гласен е кога ќе му ја побарате дипломата од Харвард.

Ковачевски никогаш не бил студент на Харвард, туку посетил тридневен скап курс од каде што не се издава диплома!

Почитувани,

Пиунот на Зоран Заев, Димитар Ковачевски, исто како Зоран Заев влегува со лага, се правда со заевизам.

Димитар Ковачевски нема ниту еден милиметар отстапка, и нема да отстапи од штетните и погубни политики на заевизмот.

Ковачевски не е ништо подруго од добивме датум, 500-тини километри автопат, 500-тини евра плата, европско здравство, додека го дишам овој македонски воздух.

СДСМ со Ковачевски не отстапува од патот на заевизмот и лагите, патот на криминалот и на корупцијата.

Човекот кој што молкум одобрува и шири лаги за себе, нема граници за се понатаму за што да шири лаги!, посочи Стоилковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This