(Видео) Стоилковски: На Ковачевски не му пречи фотошопот во одело на Харвард, само не му ја барајте дипломата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжуваме со досието „Дипломецот на Харвард“. Човек кој што лаже и одобрува лага за својата биографија, за своето образование, може да лаже и ќе лаже за се понатаму, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Кога во изборни цели за СДСМ, пуленот на заевизмот го претставуваа на насловни страници со во боја фотошопирано одело на Харвард, на Димитар Ковачевски тоа не му пречеше и ја одобруваше лагата.

На Ковачевски тоа не му пречи, му пречи кога ќе му ја побарате дипломата од Харвард. Така е тоа кога ќе се обединат пуленот на Зaев, Ковачевски курсистот и главниот пиарџија на Заев, Забрчанец средношколецот.

Ковачевски никогаш не бил студент на Харвард, туку посетил тридневен скап курс од каде што не се издава диплома, ниту пак се бара приемен испит! Пиунот на Заев, курсистот Ковачевски, исто како Зоран Заев влегува на голема врата со лага, се правда со заевизам. Чист Заевизам. Ништо поразлично од Зоран Заев, ништо поразлично од штетните и погубни политики и лагите – „добивме Датум“, „500 километри автопат“, „500 евра плата“, „европско здравство“, и онаа лага „додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух“.

Човек кој што молкум одобрува ширење лаги за себе, за својата биографија, нема граници за што се понатаму е способен да шири лаги!

СДСМ со Ковачевски – Заев, не отстапува од патот на заевизмот и на лагите, патот криминалот и на корупцијата.

Нема ништо полошо од заевизмот, за Македонија нема полошо од СДСМ, додава Стоилковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This