За само 10 дена решени 165 барања – Град Скопје со 24 часовна меил адреса за граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За само 10 дена откако Градот Скопје ја стави во функција електронската адреса за ефикасна комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk, пристигнале 213 барања од граѓаните, од кои 165 веќе се решени, а останатите се во фаза на решавање.

На оваа електронска адреса граѓаните можат да пријават проблеми, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата на граѓаните во рок од 24 до 72 часа. Отворањето на електронската адреса за комуникација со скопјани е само дел од проектот Отворен град 24 часа. Пред новогодишните празници ќе биде отворена и Канцеларијата за комуникација со граѓаните за нивните потреби и служба за брза реакција на нивен повик.

Најголем број од поднесените барања на граѓаните се за решавање на проблеми од комунална хигиена, сообраќај, градскиот паркинг, пријави до инспекторатот на Град Скопје и информации за субвенции од градот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This