(Видео) Стоилковски: СДСМ излaжaa зa пapк нaмecтo oблaкoдepи, зapaди СДСМ нaмecтo 4, ceгa имa 13000 м2 зa гpaдeњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ ги излажаа скопјани за парк во центарот на Скопје наместо облакодери, додадоа 9 000 м2 на градежниот плац!

Наместо менување на ДУП-от за парк наместо облакодери тука во центарот на Скопје, наместо ветуваниот парк, СДСМ и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски продадоа  дополнителни над 9 000 м2 за дооформување на градежна парцела за облакодерите.

За споредба, првичниот плац за облакодерите беше 4.000 квадратни метри, а со продажбата во 2018-та година, среде мораториумот за градба, среде лагите за парк, парцелата станува над 13 000 метри квадратни!

На 4 000 метри површина за која се ширеше лагата и се ширеа лажните очекувања дека нема да има облакодери, СДСМ и нивниот ресорен министер Сугарески,  допродадоа државно земјиште за дооформување на парцелата и го шири градежниот имот на над 13 000 метри квадратни за нови облакодери во центарот на Скопје.

Што е ова ако не е лага?  Што е ова ако не е изигрувања на очекувањата? Што е ова ако не е недостаток на морал? Што е ова ако не е тешка лага? Што е ова ако не изигрување на дадениот збор?

Ќе потсетам што се ветуваше и како ја ширеа лагата, искажани преку зборовите на Мирослав Грчев.

„Град Скопје може веднаш да го смени генералниот урбанистички план”, па Грчев продолжува –  „Треба да бидат избришани облакодерите бидејќи просторот е од огромно суштинско и историско значење за градот”.

Почитувани,

СДСМ ИЗЛАЖА за парк наместо облакодери во Центар, до толку што 4 000 метри квадратни ги направија 13 000 метри квадратни.

СДСМ е извор на лаги и разочарувања, СДСМ е најлошото за Центар, СДСМ е најлошото за Скопје, СДСМ е најлошото за Македонија!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This