(Видео) „ТАЛЕНТ“: Со пикап yништил статуа стара околу илјада години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Чилеанец кој живеел на островот во Полинезија, со пикап удрил удрил во една од популарните статуи и целосно ја уништил. Тој, непосредно после сударот бил уапсен и се соочува со обвинение за уништување на национален споменик. Од сударот била оштетена и платформата врз која стоела статуата.

Градоначалникот на Велигденскиот остров после оваа случка повика воведување на ограничување за возилата околу археолошките наоѓалишта.

Познатите статуи на Велигденски остров кои ги има околу илјада, познати се како Моаи, а локалното население ги нарекува Рапа Нуи.

Староседелците веруваат дека статуите ги носат духовите на нивните предци и на нив гледаат како жива инкарнација на нивните починати роднини.

„Како што сите знаат, Моаите се свети градби кои имаат голема верска вредност за народот Рапа Нуи. Ова е навреда за живата култура која во последните години се бори за враќање на своите историски и археолошки богатства“, изјави Камило Рапу, претседател на заедницата која се грижи за овие статуи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This