April 28, 2024, 10:38 am

(Видео) Талибанците го okyпираа главниот граничен премин меѓу Авганистан и Иран

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Талибанците го окупираа главниот граничен премин меѓу Авганистан и Иран, потврдено е денес во Кабул.

Се појавија видеа на кои се гледа како талибанските сили го вадат авганистанското знаме од покривот на граничната царинска испостава, објави Би-Би-Си.

Преминот Ислам Кала е еден од најголемите трговски влезови во Иран, со што на владата и се носат месечни примања од околу 20 милиони долари.

Талибанците забрзано ги окупираат областите низ Авганистан, бидејќи припадниците на мисијата предводена од САД се повлекуваат од земјата.

Талибанските власти тврдат дека ставиле под контрола 85 проценти од територијата на Авганистан, што е невозможно да се потврди, додека авганистанската влада го оспорува тоа.

Според други проценки, Tалибанците контролираат повеќе од една третина од 400-те окрузи во земјата.

Авганистанската влада ја призна загубата на граничниот премин Ислам Кала во провинцијата Херат.

Портпаролот на талибанците Забихулах Муџахид изјави дека преминот бил под целосна контрола на талибанците, пренесува Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This