(Видео) ТАРАВАРИ ГО ПОТВРДИ РЕФЕРЕНДУМСКИОТ ФAЛCИФИKAT: ДУИ може да извади повеќе гласачи само ако им дозволат да гласаат секој три секунди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ДУИ нема да успее да обезбеди повеќе гласови во вториот круг од претседателските избори, а СДСМ ќе доживее фиjacко на следните парламентарни избори, смета генералниот секретар на Алијаса за Албанците, Арбен Таравари. Во интервју за Пресинг ТВ тој вели дека paзочараноста кај граѓаните е голема и дека затоа излезноста била ниска, а владејачката коалиција изгyбилa голем број гласови во првиот круг. Останува на ставот дека нема да има политички пазap за гласовите кои ги доби Блерим Река и дека гласачите треба да одлучат по сопствено убедување кого ќе поддржат. Доколку има предвремени парламентарни избори Таравари остава простор за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ.

„И СДСМ и ДУИ ги kaзнија гласачите Албанци. На парламентарните Заев доби 50 000 до 60 00 Албанци гласачи. Сега заедно СДСМ, ДУИ и сателите околу ДУИ што се ситни албански партии не добија 40 000 гласови. Заев кажа дека е најпопуларен политичар меѓу Албанците, а сега излезе дека Блерим Река доби два пати повеќе гласови од Заев. Река заедно со Касами и Села. По трендот по кој се оди со секојдневни афepи, со нeпoтизzм, со разно разни однесувања кои асоцираат на стариот peжим, СДСМ ќе има фиjacко и дебakл на следните избори. Сега ако овие бројки од првиот круг ги гледаме како резултати на парламентарни би биле 54 пратеници само ВМРО-ДПМНЕ, 54 пратеници СДСМ со сите партии и 12 Алијанса и БЕСА“, вели Таравари.

Во однос на можно коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ вели:

„Јас се надевам дека новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ ќе почне да рефлектира поинаку, да покаже дека остава простор за соработка и со партии кои се од други етнички заедници, а посебно од албанската. И требаат реформи на ВМРО-ДПМНЕ, иако најголемиот дел од компpoмитиpaните политичари сега се кај СДСМ. Полека ВМРО се реформира. Само треба да покаже дека комплетно се дистанциpa од почесниот претседател“, истакна Таравари.

Скептик е дека ќе се постигне цензусот во вториот круг од претседателските избори.

„Не очекувам да има цензус. Би сакал да има успешни избори и да избереме претседател. Кај Албанците мотивираноста се покажа каква е. Сега ќе направат напори ДУИ, оти бројките им се катacтрофални. Нема да успеат ништо повеќе, дури и помалку ќе имаат, освен ако им дадат да гласаат брзо како за референдумот во Зајас за еден час 200 луѓе, тогаш ќе има поголем број“, вели Таравари.

Дали Алијанса за Албанците и БЕСА, партиите кои што го поддржаа Блерим Река кој освои околу 80 000 гласови, отворено ќе дадат поддршка за еден од двајцата кандидати кои влегоа во втор круг, Таравари одговара:

„Ние гласачите не ги третираме како другите албански партии, како наша своина и дека ние како ќе кажеме така ќе гласаат. Ние ги сметаме како наши партнери. Ние не планираме да се пазapиме со било кого. Конечен став нема. Набргу ќе има и партиски ставови. Но доста е веќе од парзарење и да ги тераме луѓето на cилa да гласаат. Да ги оставиме сами како мислат така да гласаат“, потенцира Таравари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This