(Видео) Тасева: Потребно е да се следат парите, потребна е финансиска истрага паралелно со kpивичната

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Слаѓана Тасева, претседателката на здружението Транспаренси Интерншнл во Македонија во вечерашното гостување во емисијата Неделн брифинг на порталот Инфомакс зборувајќи за корупцијата во Македонија која беше утврдена од повеќе релевантни врвни меѓународни институции, вклучувајќи го и американскиот стејт департмент истакна дека се додека не се спроведува и финансиска истрага паралелно со кривичната, целата борба против корупцијата останува на хартија.

„После изјавата ова е само перцепција, имав јас изјава дека не треба така да се реагира, можеме да разговараме за ова, тогаш Љупчо Николовски ме повика на разговор. И тогаш имавме навистина добра дискусија за да они потоа ги раслчленат сите овие параметри за да се разбере суштината на проблемот. И од тука треба да се почне да се види каде се треба да се делува. И на основа на овие параметри, и на однова на нашите политики за борба против корупцијата. Се надевам дека од тука ќе почне освестувањето. Ама не е доволно само да ги расчлените и ставите на хартија и тоа треба понатаму да се преточи во одлуки и активности и во однесувањето кон институциите. Потребата да се спроведе финансиската истрага паралелно со кривичната сме ја кажале уште кога беше воведена конфискација во кривиќниот законик во 2004. Значи следење на парите, финансиски истраги, ефентивно одземање на тие пари и враќање таму каде што треба. Се додека тоа го немаме, додека не се спороведува, сето тоа останува само политичка декларација“, истакна Тасева

Емисијата Неделен брифинг на со Сотир Костов и Слаѓана Тасева на Инфомакс можете да ја погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This