(Видео) Тасева: Реформи во cyдството немаше, тоа треба да се прочисти од темел и од внатре

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Слаѓана Тасева, претседателката на здружението Транспаренси Интерншнл во Македонија во вечерашното гостување во емисијата Неделн брифинг на порталот Инфомакс зборувајќи реформите во Македонија истакна дека воопшто не се спроведени и дека на институциите им е потрбно добро прочистување.

„Јас личмно не сум задоволна од реформите, значи сметам дека степенот на којшто сега некој тврди не е доволен дури до нивото да кажам дека нема рефрма. Иако во некои извештаи ќе прочитаме постои реформа, спроведена е реформа во судството, судскиот совет.. Но таму треба навистина добро прочистување. ЈАс сум голем поборник на ветинг. Ветингот и во судството, и во јавното обвинителство и во безбедносните структури. Тоа треба да се прочисти од темел и од внатре, сите тие институции, а најдобра форма за тоа е добар ветинг. Реформата не се спорведе, после Шарената револуција, кога зборувавме нема правда нема мир, беа дека имаме готови решенија за реформи во судството кои се готови за имплементирање. Меѓутоа тоа е само делување на површината, не се зафати длабоко каде што има навистина голем проблем и има потреба од голем реформа.“, истакна Тасева.

Емисијата Неделен брифинг на со Сотир Костов и Слаѓана Тасева на Инфомакс можете да ја погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This