(Видео) ТОЈ ОДРАБОТИ ЗА НИВ, СЕГА ТИЕ ЗА НЕГО: Грција ќе му помага на Заев на избори?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Симултаната канонада на грчки анализи во кои се најавува помош за Заевата влада за претстојните избори го отвора прашањето – зошто Атина го посакува СДСМ во раководењето со Македонија?

Влијателните и најтиражни весници, „Катимерини“ и „То Вима“ излегоа со отворен став за потреба од иницијативи за спас на Заев од претстојниот дебакл на 12-ти април.

Од една страна, за да го отргнеле од новокомпонираниот наплив на патриотизам, а од друга и пореална – за да превенираат нова Влада која ќе го поремети добиениот џек-пот, наречен Преспански договор.

Познавачите за Алфа велат дека немаат никаков сомнеж за мотивите на Грција. Целта е едноставна, посочува поранешниот амбасадор Ристо Никовски, Атина го посакува проверениот партнер, кој без проблем, и натаму ќе преминува преку македонските национални интереси за да остане на власт.

„Факт е дека настаните кои следуваат по капитулантските договори со Грција и Бугарија се многу логични, бидејќи Објективно, Грците се плашат дека тука ќе дојде нова власт, која, како што и самите кажуваат, ќе се обидува да го, менува, подобрува и ако може игнорира Преспанскиот договор. Значи, тие во Грција се сериозно загрижени и затоа сега најавуваат, по разни патишта и начини, некаква помош за да остане сегашната власт која знаат дека е спремна да продаде се’ за џабе“ – вели Никовски.

Ова меѓу другото, е сериозно прекршување на меѓународното право и директно мешање во внатрешните работи на една суверена земја, чин, кој според Никовски, стана знак на препознавање за владеењето на Заев.

„Во нашите внатрешни работи, изгледа само ние не се мешаме, сите други се мешаат. Да се потсетиме само што се случуваше и кој се’ не дојде пред Референдумот, ни држеа лекции и сите тие изјави содржеа скриена закана за нас. Ние цело време сме изложени на невид3ено мешање“- посочува Никовски за Алфа.

Според информациите на „Катимерини“ и „То Вима“ во прикаската е вклучен и грчкиот државен врв, а на иницијативите за вадење од бездната на Заевата влада, работи и шефот на дипломатијата Дендиас. Самите пишуваат дека иницијативата треба да послужи како на претстојните парламентарни избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This