(Видео) Трaгедиjа во Шпaниjа: Зaгинaл тинejџeр во урнaтинитe на згрaда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пожарникарите во шпанскиот приморски град Пенискола пронашле тело на тинејџер во урнатините на зградата, која вчера се урнала од непознати причини.

Пожарникарите соопштиле дека продолжуваат да трагаат по уште едно исчезнато лице.

Градоначалникот на Пенискола, Андрес Мартинес, за “Reuters” рекол дека детето имало околу 15 години и дека престојувало во зградата која во средата навечер се урнала од непознати причини во регионот Валенсија, на источниот брег на Шпанија.

Околу 140 пожарникари и персонал на итната помош работеле во текот на ноќта на чистење на теренот и пронаоѓање на исчезнатите, за на полноќ да спасат маж кој бил заробен под урнатините, соопштиле локалните власти.

“Беше целосно заробен под плочата и секој погрешен маневар можеше да има фатални последици”, изјавил пожарникарот Карлос Верчили.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This