(Видео) Тpaмп нeмa да ja пpeдаде функцијата: Венецyeлско сценapио среде Вашингтон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актуелниот претседател ќе биде првиот претседателски кандидат што ќе го одбие свеченото предавање на фунцкијата.

Имајќи во предвиде дека е се поверојатно Доналд Трамп да биде претседател само со еден мандат, бурниот лидер наводно планира да не му ја признае на неговиот демократски предизвикувач Џо Бајден победата.

Според Си-Би-Ес Њуз, Трамп може да ја прекрши 124-годишна американска традиција со тоа што нема да одржи говор за предавање на функцијата во најверојатно случајот Бајден да биде избран за 46-ти претседател на Соединетите држави.

Трамп, кој одби мирен трансфер на власта во неколку недели пред Денот на изборите, ќе ја уништи долгата традиција на признавање пораз на политички противник. Иако не е дел од законодавството на САД или Уставот, конвенционалниот гест бил користен од претседателските кандидати уште во 1896 година, според УСА Тудеј.

Во суштина, говорот е наменет за зачувување на американската демократија и обединување на земјата по тешка борба.

Трамп предизвика шок во четвртокот вечерта откако одржа прес-конференција во Белата куќа каде наведе обвинувања и сомнежи за легитимноста на изборите. „Слушаме приказни што се хорор приказни. … Сметаме дека ќе има многу судски спорови затоа што имаме толку многу докази, толку многу докази “, рече Трамп.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This