April 27, 2024, 10:45 am

(Видео) Тpoпcкaтa бypa „Хeнpи“ ocтaви 140 илjaди дoмoви бeз cтpyja вo САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тропската бура Хенри предизвика поплави во североисточниот дел на САД, а повеќе од 140 000 дома останаа без електрична енергија.

Невремето ја погоди државата Род Ајленд во неделата попладне, по што се упати кон северозапад, кон Конектикат, пренесува АП.

Претходно огромни количини дожд паднаа во областите југозападно од Њу Џерси, а потоа бурата го погоди североисточниот дел на Пенсилванија.

Поројните дождови затворија голем број мостови и патишта, а некои луѓе беа заробени во своите возила.

Националниот центар за урагани соопшти дека се очекува Хенри да ослабне и најверојатно ќе застане во близина на државната линија Конектикат-Њујорк пред да се сврти на исток кон Нова Англија.

Претставниците на Нова Англија се загрижени поради можноста од дополнителни врнежи, по веќе рекордните врнежи од дожд.

„Земјата е толку заситена со вода што поплави може да предизвика само уште еден сантиметар дожд“, објави владата на Конектикат.

Претседателот Џо Бајден прогласи состојба на природна катастрофа во Масачусетс, Род Ајленд и Конектикат, и рече дека ќе бидат обезбедена федерална помош за закрепнување на тие држави.

„Правиме сѐ што можеме за да им помогнеме на тие држави да се подготват, реагираат и да закрепнат“, рече американскиот претседател, кој во неделата изрази сочувство и до жителите на Тенеси откако во поплавите загинаа најмалку 22 лица, а исчезнаа десетици луѓе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This