(Видео) Уапсени фотограф и танчерка во археолошката зона во Каиро

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во близина на Каиро eгипетската полиција приведе фотограф за непочитување откако тој сними слики iи видео на модел во античка носија пред една од пирамидите, потврди обезбедувањето.

На социјалните мрежи кружеа гласини дека египетскиот модел и танчерка Салма ал-Шими е уапсена по снимањето во некрополата Сахара, 30 километри јужно од Каиро, но изворот рече дека полицијата го привела фотографот во понеделникот.

Манекенката била сликана облечена во краток „полугол“ фустан во стилот на Фароните пред античкото место за погребување.

Кон крајот на минатата недела, Шими, која може да се пофали со илјадници следбеници на Инстаграм, објави фотографии од нејзиното снимање во антички египетски фустан во подножјето на пирамидата на стара 4.700 години.

Брзо се раширија гласини дека таа е приведена затоа што носела облеки што го предале античкото наследство на Египет и ги прекршиле правилата утврдени од Министерството за антиквитети за фотосесии.

Сакара беше активно гробиште повеќе од 3.000 години и е назначено светско наследство на УНЕСКО. Апсењето доаѓа како реакција на воведувањето на законот за заштита на археолошкото наоѓалиште по објавувањето на фотографии од гол пар на врвот од една од пирамидите во 2018-та година, што предизвика осуда и реакции на јавноста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This