(Видео) Убиeни 17, а повpeдени околу 800 лица, за време на петдневните пpoтecти во Колумбија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку 17 лица се убиени во Колумбија за време на петдневните протести против предложената даночна реформа, а најмалку 800 лица се повредени во судирите со полицијата.

Групите за човекови права и демонстрантите ја обвинија полицијата за употреба на прекумерна сила, пишува Би-Би-Си.

Реформите, кои би ги зголемиле даноците за групите со ниски и средни примања, сега се одложени. Претседателот Иван Дуке вчера објави дека контроверзните мерки ќе бидат повлечени.

Бројот на загинати го објави колумбиската канцеларија на народниот правобранител, која што користела податоци од полицијата и канцеларијата на државниот правобранител.

Колумбискиот правобранител Карлос Камарго за Радио Каракол изјави дека бројот на загинати може да биде поголем од 17. Тој рече дека во неговата канцеларија стигнале извештаи за 20 смртни случаи, но тој сè уште не бил во можност да ги провери сите извештаи.

Колумбиската канцеларија на Народниот правобранител е официјална владина агенција задолжена за надгледување на заштитата на човековите и граѓанските права на граѓаните.

Стотици полицајци биле меѓу повредените во судирите, според народниот правобранител
Протестите започнале во средата, кога најголемите синдикати повикале на национален штрајк за да се спротивстават на сега одложената даночна реформа.

Владата тврди дека реформите се клучни за ублажување на економската криза во Колумбија откако нивниот БДП минатата година паднал за 6,8 проценти. Ова е најголем пад во половина век, а пандемијата на коронавирус дополнително ја зголеми стапката на невработеност.

Предложената реформа ќе го намали прагот на данок на плата, влијаејќи на секој со месечен приход од 656 долари или повеќе. Исто така, ќе се укинат многу олеснувања и ќе се зголемат даноците за компаниите.

Предлогот предизвика негодување кај Колумбијците кои веќе беа разочарани од пандемијата, а на протестите им се придружија и многу луѓе од средната класа кои стравуваа дека може да се завршат во сиромаштија поради промените.

Демонстрантите излегоа на улиците и покрај одлуката на судот дека маршевите треба да се одложат поради сегашното зголемување на бројот на лица заразени со коронавирусот.

Полицијата е распоредена во поголемите градови каде што се членовите на синдикатите и разни групи и граѓански организации собрани во знак на протест.

Снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат како полицијата пука со солзавец и се судира со демонстрантите.

Протестите биле особено насилни во Кали, третиот по големина град во Колумбија, каде што имало неколкудневни улични судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили.

Полицијата извести за повеќе од 400 апсења низ целата земја. Демонстрантите исто така рекоа дека биле запалени 20 автобуси за јавен превоз низ целата земја, 59 компании биле ограбени, а повеќе од 250 биле вандализирани.

https://twitter.com/SP_604/status/1388295950301552644

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This