(Видео) Улиците во САД како во вoeна зoнa: Пapaвоени фopмaции кој го поддржувaaт Tpaмп ги пpeплавија улиците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во САД се зголемува бројот на паравоени формации кои го поддржуваат претседателот Доналд Трамп и го презираат движењето „Животите на црнците се важни“. Експертите предупредуваат на нивното дејствување среде немирите и протестите во земјата, стравувајќи од натамошна ескалација на ситуацијата, пишува Дојче веле.

Минатата година во САД имаше 181 ваква паравоена формација, а денес нивниот број е значително поголем. Членовите на овие цивилни милиции ги споделуваат ставовите на Трамп, отфрлање на традиционалните медиуми и склоноста кон оружје.

Социолозите и историчарите предупредуваат на нивното дејствување,, особено во контекст на немирите и протестите во земјата, во кои тие се судираат со демонстрантите, поттикнувајќи агресија.

Покрај тоа, аналитичарите сметаат дека ситуацијата може дополнително да се влоши, дури и до ситуација слична на граѓанската војна, со оглед на најавата на Трамп дека нема безусловно да прифати евентуален пораз на изборите на почетокот на ноември.

Вооружени групи граѓани како „Кеноша Гард“ сега патролираат со панцири и маскирни одела, а на социјалните мрежи можат да се видат снимки како полицајците им се заблагодаруваат и ги снабдуваат со вода.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This