(Видео) УШТЕ ЕДЕН СЛУЧАЈ НА ЗЛOУПOTРЕБА: Николовски и Димковски вршат незаконска распределба на земјште во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три години посочуваме на kpиминал и злoyпотреба при распределба на државно земјоделско земјиште во Република Македонија, изјави Цветан Трипуновски на денешната прес конференција. Трипуновски денес презентираше само еден случај од редица примери на криминал при распределба на државно земјоделско земјиште од страна на Љупчо Николовски и Трајан Димковски, кои се фатени во криминал до гуша.

Случајот кој што денеска сакам да го обелоденам покажува како едно исто земјоделско земјиште го даваат под концесија на две различни лица. Ова е Фиком 2, само во земјоделска варијанта, каде овој пат во главна улога се лица функционери на СДСМ, изјави Трипуновски.

Имено, на ден 26.12.2018 година Љупчо Николовски како тогашен министер за земјоделство шумарство и водостопанство склучува договор за закуп на државно земјоделско земјиштес во КО Нова Брезница, Кисела Вода со лицето Г.Ѓ. со времетраење од 70 години. На ден 17.07.2019 година, овој пат Трајан Димковски во улогата на министер за земјоделство шумарство и водостопанство склучува договор за закуп на истото зземјоделско емјиште кое веќе се наоѓа под закуп, овој пат на лицето В.Т. Овој договор е склучен без претходниот да биде раскинат. Моментално, формално правно и двата договори се во правна сила.

Она што сакам да го потенцирам е дека и на двата договори како потписник – согласен административниот службеник Жанета Горгиевска, која важи за десна рака на Николовски и Димковски, ерече Трипуновски

Трајан Димковски го прeкршил законот и постапките за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп.

Трајан Димковски извршил kpивично дело злoyупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од КЗ.

Процедурите се прeкршени уште во процесот на објавување.

Имено пред воопшто да биде објавен оглас, МЗШВ преку допис ја контактира Подрачната единица во населеното место каде што се објавува огласот со цел да се информира дали конкретното земјиште е слободно или под закуп. Во конкретниот случај не е пуштен допис до подрачната единица во Кисела Вода која што е надлежна за овој случај.

Зошто Трајан Димковски не испратил допис до подрачната единица на МЗШВ во Кисела Вода, дали знаел дека земјиштето е под закуп или свесно извршил кривично дело?, прашува Трипуновски.

Доколку тој не знаел, неговите советници биле должни да го информираат и тој во никој случај не смеел да го даде земјиштето под повторен закуп. Свесно или несвесно Трајан Димковски извршил kpивично дело. Ова се ефектите од kpиминогеноста на Димковски и нестручноста на неговите кадри. Го повикуваме Јавното oбвинителство веднаш да постапи по овој случај и да ги cанкционира прeкршителите на законот.

Потенцирам ова е само еден пример на злoyпотреба, во наредниот период ќе и презентираме на јавноста и останатите вакви случаеви.
Ваквиот криминал нема да го дозволиме во Република Македонија. Додека тие си делат земјишта и прават kpиминал обичниот земјоделец едвај преживува. Јас сум тука да ги обелоденам и спречам овие злoyпотреби и kpиминали за никогаш да не се повторат во Република Македонија, заврши Трипуновски.

https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/videos/2209916715980442/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This