(Видео) ФИЛИПЧЕ: На прав пат сме, го унапредуваме здpaвствениот систем

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ги укинавме квотите за лекови, го унапредуваме здравствениот систем, на прав пат сме, изјави на прес-конференција во СДСМ, министерот за здравство, Венко Филипче, кој е и претседател на Комисијата за здравство на владејачката партија.

Тој рече дека од почетокот на месецов, граѓаните имаат достапни лекови во кој било период.

–Целосно ги укинавме квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум целата држава. Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз овозможи достапни лекови за пациентите во секое време. Мерката што ја најавивме во нашата изборна програма веќе е реалност, обезбедувајќи квалитетни здравствени услуги и лекови согласно потребите на граѓаните. СДСМ е одговорна политичка партија затоа што го решаваме деценискиот проблем со недостатокот на лекови, оцени Филипче.
Тој потсети дека во август почнала првата фаза од укинувањето во аптеките во Охрид, Ресен, Струга, Дојран и Гевгелија. Граѓаните на овие туристички места, рече Филипче, имаат редовен пристап до лекови во текот на целиот месец. Тие повеќе немаат страв дека може да останат без потребниот лек.

Министерот на прес-конференција истакна дека досега се подобрени условите во десетина јавно-здравствени установи, а следува подобрување на условите во други 34 ЈЗУ.

-За две години повеќе од 5000 согласности издадовме за вработување, а ги зголемуваме и платите на здравствените работници. Водиме вистинска грижа за пациентите со ретки болести. Воведовме 5 нови лекови за овие лица и значително го зголемивме буџетот. Од 213 милиони денари, на 485 милиони денари. Воведовме три нови инсулини. Дијабетичарите сега имаат обезбедени лекови со сертификат за квалитет, а до пред 2 години, тие добиваа лекови без сертификат за квалитет и без никаков ефект, додаде Филипче.

Филипче: Како одговорна политичка партија докажавме дека грижата за пациентите е нашиот врвен приоритет

Филипче: Како одговорна политичка партија докажавме дека грижата за пациентите е нашиот врвен приоритет

Posted by Press24.mk on Sunday, October 13, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This