(Видео) ФИЛИПЧЕ НEPBОЗЕН ОТКАКО МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА СЕ ПОКАЖАА КАКО ФИJACКО: Наместо да ги зaштити граѓаните влезе во kaвга со уредникот на Инфомакс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Корона вирусот пристигна и во Македонија. Токму по овој повод Владата денеска одржа две вонредни прес конференции на кои ги соопшти деталите за пациентот. Уредникот на Инфомакс Александар Митовски имајќи ги во предвид информациите кои ги пренесуваат светските медиуми и Светската здравствена организација, запраша дали можеби Владата треба да размисли за посериозни чекори и дали досега можеби не направила доволно за превенција на епидемијата на коронавирусот во Република Македонија.

-На првата прес конференција рековте дека вие сте должни  според Уставот да го штитите животот и здравјето на граѓаните. Но на првата пресконференција не ги посочивте најновите релевантни информации според СЗО во кои што се вели дека инкубацискиот период на болеста е 27 дена има неколку потврдени случаи. Болеста е асимптоматична што значи дека и без симптоми може да се пренесува, што не значи дека само ако некој има симптоми е и болен. Од тој аспект како ќе го заштитите здравјето на граѓаните, термалните камери бидејќи болеста е асимптоматична може да не покажат зголемена температура, а да имаме човек кој што е болен. Ако немате изалолациони периоди за патници кои што доаѓаат критични региони како ќе се справите, запраша Митовски.

 

-Прво ќе упатам еден апел да се соодветно информирате, едуцирате пред да прашувате затоа што вака креирате паника, одговори Филипче па ги посочи мерките кои ги превзела Владата.

 

-Министре во рамки на оној апел да не се шири дефетизам, паника и слично поради тоа го поставив и прашањето кое што не го одговоривте претходно. Прашувам бидејќи овие се извори на СЗО, но пренесуваат и светски медиуми како Ројтерс, Чајна Дејли, Дејли Телеграф затоа и прашувам не е од мене па со мене да се конфронтирате, посочи Митовски.

-Нашите постапки уште од самиот почеток кога ги воведовме мерките за патниците од Кина беа токму според препораките на СЗО, ние ги пратиме на дневна база. Внимавајте и да не ме сфатите погрешно инсистирам на тоа јавноста вистински да се информира, било каква шекулација може да се протолкува на несоодветен начин да се прошири и да создаде паника, одговори Филипче

Погледнете што пишуваат светските медиуми за коронавирусот:

-Истражувањето на случај на 20-годишник кој зарази роднини и покрај тоа што не покажува знаци на болеста, а на неговиот тест за коронавирусот бил негативен – предизвика страв од глобална пандемија, шренесува британски Гардијан.

-Еден 70-годишен маж во кинеската провинција Хубеи бил заразен со коронавирус, но не покажал симптоми цели 27 дена , соопштија локалните власти во саботата, што значи дека периодот на инкубација на вирусот може да биде многу подолг од претпоставените 14 дена, пренесува Ројтерс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This