(Видео) Фирмата е регистрирана во село Рашче, Сарај: Причината за нecpeќата е тexничка неиcпpaвност или човечка грешка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Автобусот, во кој загинаа 45 лица на автопатот Струма, е сопственост на фирмата Беса Транс, регистрирана во селото Рашче, општина Сарај во Република Македонија, јави известувачот на БГНЕС.

Во автобусот патувале вкупно 52 лица од РС Македонија, кои влегле од Турција. Меѓу загинатите има и деца. Луѓето биле на патување во Истанбул. Автобусот синоќа нешто по 21 часот влегол преку граничниот премин Капитан Андреево. Инцидентот се случил околу 3.00 часот на автопатот во правец Софија – Благоевград. 7 лица преживеале и се сместени во „Пирогов“ – шест се со изгореници, а еден пациент со повреда на ногата. По преглед и проценка на нивната состојба, тие се сместени на следење во Одделот за изгореници Пирогов.

Постојат две верзии: човечка грешка на возачот, а втората имало ненадеен технички дефект.

Во Пирогов пристигна и македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи за да разговара со преживеаните.

Османи рече дека информациите што ги има во моментов велат дека најголем дел од жртвите се од Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This