(Видео) Цветковски до Велковски: Што симболизира спомеников, шерифување? И како ќе го наречете, Коњот на шерифот??

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бошко Цветковски на социјалните мрежи упати јавно прашање го градоначалникот на општина Лозово, кој ја „разубави“ општината со споменик и воедно го замоли да престане да ги срами граѓаните пред светот. Цветковски прашува шти всушност симболизира овој споменик, бидејќи повеќе од очигледно е дека нема врска со историјата, културата, значајни настани или личности од земјата или било што од исклучително значење за земјата.

„Се моли “Локалниот Шериф” да престане да не резили пред светот!
Јавно го прашувам Велковски,дали знае дека:
1.Со подигање на меморијални споменици и спомен- обележја се одбележуваат значајни настани и истакнати личности од историјата и културата на граѓаните на Република Македонија, на Македонскиот народ како и граѓаните што живеат во нејзините граници, кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, како и историјата и културата воопшто, кои се од исклучително значење за општествениот развој на Република Македонија, со што се придонесува за остварување и унапредување на слободите и правата
на граѓаните, како и за афирмацијата, примената и почитувањето на начелата на хуманизмот и општоцивилизациските вредности.
2.Меморијални споменици, претставуваат поединечни или група објекти и монументални дела од архитектурата,
скулптурата, сликарството и применетата уметност со историски и уметнички содржини и вредности што се подигаат за трајно зачувување на споменот на настаните и личностите наведени погоре, а кои се од исклучително значење за Република Македонија..
3.Настаните и личностите што се одбележуваат со меморијален споменик треба да се од исклучително значење за развојот на државноста на Република Македонија и за нејзиниот државно-правен континуитет и да се вградени во историскиот развој на земјата…
4.Спомен- обележја, може да бидат: бисти, скулптури, плочи, чешми, фонтани и други уметнички и архитектонски дела и творби што со своите содржини и ознаки одбележуваат настани и личности или од народната традиција, кои се од локално значење..

Тогаш како овој таканаречен “СПОМЕНИК” има било каква поврзаност со се ова што го имам наведено погоре?!
Што симболизира?! Шерифување?!
И како ќе го наречете? “КОЊОТ НА ШЕРИФОТ”?!
Дали целта е олеснување на касата на Општина Лозово за одредена сума?
Престанете да не резилите пред светот!!!
Обезбедете квалитетни јавни услуги за сите граѓани, регионални и локални патишта, здрава вода за пиење, канализации, навремено собирање и депонирање на отпад, отстранување на дивите депонии, заштита на животната средина и сл.. Тоа е она што треба да го прави еден ГРАДОНАЧАЛНИК!!
Но на тоа требаше да мислите во изминатиот период, граѓаните на општина Лозово гледаат и ќе ве Казнат на претстојните Локални ИЗБОРИ!!
п. с. Уште малку остана, а потоа:ОДГОВОРНОСТ!!, пишува Цветковски на фејсбук.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This