(Видео) Шилегов зaгрози и други со непочитување на мерките

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов поладнево на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на КОВИД-19, а резултатот е од денешно тестирање.

Тој напиша дека има добра клиничка слика, благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализирање.

– Почитувани, би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се преземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од Ковид-19. Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому. Ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава. Чувајте се и чувајте ги другите околу вас, напиша Шилегов на Фејсбук.

Но, градоначалникот на Скопје пред само два дена даде интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ на кое се гледа дека Шилегов не ги почитува мерките за заштита и не носи маска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This