(Видео) Шилeгoв очeкyвa нoвиoт Kacпаров да ce poди вo Aepoдром: Потpoшил 30 илjaди евpa зa мacички зa шax?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советот на Град Скопје изгласа меѓуопштински соработки со седум општини од подрачјето на Скопје за уредување на јавни површини за спорт и рекреација.

Во ниту една одлука за меѓуопштинска соработка со било која од наведените општини не се предвидува поставување повеќе од две маси, а не па 14(четиринаесет) маси за шах.

⁉️На промотивното видео за новиот урбан сквер во Аеродром, градоначалникот Петре Шилегов се фали со 14 шах маси само на овој сквер, а одлуката на Советот на Град Скопје предвидува поставување само една.

Она што фрла сомнеж и беше дискутирано на седницата на Советот на Град Скопје е висината на цената за една маса за шах која изнесува 71.400 денари односно 118.200 денари, а сега гледаме дека и бројот на поставени маси не кореспондира со оној од одлуките кои беа изгласани.

Слични модели на веќе поставените маси можат да се најдат и по 9.000 денари, цена осум пати пониска од цената по кои се набавени, а дополнително се платени 2000 евра плус ДДВ за основен проект на маса за шах.(проектирале маса за шах)😂.

Дали овие маси за шах се набавени по цената од спецификацијата од одлуката за меѓуопштинска соработка со Општина Аеродром и изнесува 71.400 денари односно 118.200 денари⁉️

Зашто се поставени дури 14 шах маси на еден сквер и дали следи „шаховизација“ на скопските општини со скапите масички⁉️

Фејсбук статус на советникот во Град Скопје и портпарол на ГРОМ, Александар Трајановски.

https://www.facebook.com/aleksandar.traj/videos/301354301523895

Целиот негов пост можете да го погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This