(Видео) Што се случува? – Четири масовни пykaња во САД во рок од 6 часа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нападите целосно неповрзани се случуваат во 4 различни градови и завршуваат со 39 ранети лица и 6 убиени, а полицијата предупредува дека ова е само најава за проблемите што ќе престојат летово.

Пукањата кои почнуваат 21 часот во петокот се случуваат во Остин, Чикаго, Кливленд и Савана.

Во Савана 20-годишно момче застрелува две лица кои се уште се во критична состојба, плус едно бебе и двајца тинејџери кои се полесно повредени. На местото на пукањето собрани се околу 60 чаури.

Во Остин пукањето се случува во делот од градот со кафулиња, клубови и ресторани, и завршува со 2 убиени и 13 ранети. Наводно престрелката почнува заради расправа меѓу две групи, а најголемиот дел од настраданите се случајни минувачи.

Следното масовно пукање се случува во Чикаго, и во него загинува една жена а 9 луѓе се ранети. Според полицијата две лица се приближиле кон група луѓе што стоела на тротоарот и почнала да пука кон нив.

Заедно со овие 10 лица, викендов во Чикаго се застрелани 44 лица, од кои 6 починале.

Од почетокот на годинава во САД имало вкупно 270 масовни пукања. Критериум за некое пукање да биде масовно е најмалку 4 лица да бидат повредени без разлика дали имало умрени.

Предупредувањето на полицијата е дека како што ќе се укинуваат мерките против ковид-19 и се повеќе луѓе ќе почнат да излегуваат надвор и да имаат интеракција со други, така може да се очекување раст на масовните пукања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This