(Видео) Јакимовски: Карпош има посебно место во моето срце – на карпошани им ја должам кариерата, одлично стоиме на анкетите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Големо незадоволство од Власта, но и голема поддршка за ГРОМ има во Карпош открива претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски во своето гостување во вестите на Сител.

На прашањето дали би се кандидирал за градоначалник на Скопје или Карпош тој открива дека општината каде во неколку мандати беше градоначалник има посебно место во неговото срце и изрази голема благодарност до карпошани на кои како што вели им ја должи политичката кариера.

Тој напомена дека во Општина Карпош одлично стои на анкетите, но и дека истите покажуваат огромно незадоволство од работата на Стефан Богоев и владеачката СДСМ.

-Мене секогаш ми е Карпош омилен, јас мојата кариера му ја должам на Карпош и на граѓаните на Карпош. Така да општина Карпош за мене секогаш е предизвик. Правиме анкети добро стоиме на анкетите, на крај ќе одлучиме заедно и во партијата и со коалициониот партнер, но пред се битни се што ќе кажат анкетите односно мислењето на граѓаните. Очигледно е дека граѓаните се незадоволни од досегашното владеење на актуелниот градоначалник, но ќе видиме дали граѓаните бараат промени. Од она што засега го гледаме во анкетите очигледно е дека граѓаните бараат да се смени овој градоначалник, вели Јакимовски.

Видеото погледнете го тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This