(Видео) ЈАНУШЕВ: Предметот „Талир“ е политички прогон на најголемата политичка партија на Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По денешното судско рочиште за предметот „Талир“, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев изјави дека се работи за политички прогон врз неговата партија.

„Јасно и недвосмислено се покажува фактот дека целиот овој политички процес е всушност политички прогон кон најголемата политичка партија во Република Македонија- рече Јанушев.

На судењето не се појави пратеникот Илија Димовски. Тој на 13 февруари со писмен поднесок го известил судот дека од 17 до 21 февруари ќе биде во Брисел на комитет на парламентарното Собрание на НАТО.

Димовски во поднесокот навел дека е шеф на делегацијата од Македонија. На судењето беа присутни останатите обвинети, освен бегалецот Никола Груевски. Следното рочиште е закажано за 7 март во 10 часот.

Во предметот „Талир“ обвинети се поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ексгенералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеникот Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска, која лани призна вина и доби условна казна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This