(Видео) ЈО молчи откако Пaлeвcки ги пocочи нapачателите кои се зakанувале со киceлина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавното обвинителство се уште молчи за изјавите кое за време на гостување на Телевизија Алфа, во врска со нападот врз него ги даде Љупчо Палевски- Палчо, активист и претседател на движењето „Трета“.

Палевски кој минатата недела беше физички нападнат, јавно обвини дека зад нападот стои власта, односно како што истакна Заев и Мијалков.

Љупчо Палевски е поранешен функционер на СДСМ а денес најголемиот гласен противник на политиките на СДСМ и Зоран Заев.

Во август 2017, Палевски беше приведуван на распит во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за предистражна постапка која тогаш беше отворена. Тогаш немаше официјални информации за каков предмет беше повикан, но според она што неофицијално беше објавено, тој бил повикан во врска со објавувани прислушувани разговори.

“Тие беа наркомани, дилери, со мали скутери кои разнесуваат дрога низ градот, за грам –два, очигледно дека подземјето работи со власта, со политичката елита која бара вакви услуги од време на време, не само што ги обвинувам јавно, точно знам кои се, тоа се господинот Заев и Мијалков. За ова имам и сведоци, подготвени на суд, на кое место и кога ми се заканил дека планира да ме стави во буре со киселина да не постојам”, изјави Палевски на Алфа.

Тој проговоре за нападот и откри дека бил нападнат од две лица од кој еден со пендрак на извлекување кој му нанел 4 удари и еден со боксирач кој му нанел 8 удари, а како причина за нападот ја посочи аферата „Атлантик“, во која тој ги изнел доказите дека е злоупотребена целата правна процедура, дека се прислушкувани активисти на „Бојкотирам“ за по секоја цена да се протне името зад оној референдум кој не успеа.

“Со настаните од 27 април, тоа е истата онаа истрага, не е затворена, туку во истата се надоврзани сите активисти од „Бојкотирам“ и истрагата од 27-ми си ја продолжиле со тоа што не прогласиле за терористи и македонски екстремисти и јас сум идеолошки инспиратор за атентат врз Зоран Заев , така стои во истрагата штоја спроведува тогашната УБК”, истакна Палевски.

За потсетување, Палевски беше нападнат на 17 септември откако бил пресретнат од непознати сторители пред неговиот дом.

Бизнисменот Љупчо Палевски – Палчо минатата година беше приведен од полицијата во Белград, во моментот кога сакал да се качи во авион и да отпатува во Москва, каде требало да склучи бизнис зделка.

Палевски беше приведен од српската полиција по потерница распишана од Република Хрватска.

Целото видео од интервјуто

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This