(Видео) Њујорк пoд вода: Xaoc во Големото јаболко

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тунелите на њујоршкото метро станале канали, а градот е соочен со голема борба против поплавите, кои ги зафатија и улиците на Менхетен и заробуваа автомобили, после силните дождови што го зафатија овој дел од Америка.

На видеата кои се делат по социјалните мрежи се гледаат жители на Њујорк кои се обидуваат да се пробиваат низ водата.

– Ова изгледа како аквапарк, напишал еден корисник на Инстаграм.

Њјоршките власти објавиле дека се работи за да се санираат поплавите и се да се исчисти, но предупредиле да не се влегува во потопените станици.

Некои граѓани го игнорирале ова предупредување, па се обиделе да го користат и овој превоз.

Голем дел од патиштата се поплавени со молскавична брзина.

Њјоршката полиција веднаш излегла на терен со групата за итни интервенции за да им се помогне на возачите да се извлечат од поплавените сообраќајници.

Инаку, поплавите следувале после неколкучасовното олујно невреме кое во текот на вчерашниот ден го зафатил овој дел од САД. На удар најмногу се нашле неколку реони на Њујорк, а најлошо било во Бронкс, Менхетен, Квинс и Бруклин.

Видеото можете да го погледнете тука.

И тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This