(Видео) 3aeв го промовираше Kpиволак во регионален тренинг центар: Македонските рамо до рамо со грчките, бугарските и американските вojници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот врв вчера се собра на воениот полигон Криволак, на презентација на резултатите од НАТО – вежбата „Одлучен удар“, која се спроведува повеќе од две недели.о

Припадниците на армиите на Македонија, САД, Бугарија и Грција ги презентираа резултатите пред високите државни претставници.

Денес премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави промотивно видео со порака дека заедно сме посилни.

-Во „Криволак“, еден од најдобрите воени полигони во овој дел од светот, се организира акцијата „Одлучен удар 21“, како дел од најголемата НАТО вежба оваа година на тлото на Европа, во која учествува Армијата на Република Македонија заедно со армиите на нашите сојузници и пријатели САД, Грција и Бугарија.

Како дел од моќното НАТО семејство, како неизоставен дел од безбедносниот штит на најмоќниот воен сојуз во светот, Северна Македонија стана фактор за стабилност во регионот, извозник на безбедност.

Заедно сме посилни и заедно можеме повеќе, напиша Заев на Фејсбук.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This