(Видео) 3aeв: Peшени се 5 истopиски личности, ќе го peшиме и Гоце, ние сме бpaтски народ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со позитивни одлуки градиме пријателство, а со негативни горчина, рече премиерот Зоран Заев запрашан за коментар по најновата изјава на шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, која во денешното гостување во бугарската телевизија БТВ порача дека Бугарија вели – „не за почеток на преговорите, но не и за членство на земјава во ЕУ“.

Заев додаде дека двата народа не треба никој да ги оддалечува и оти мнозинството граѓани во Бугарија не се согласни со ставовите на официјална Софија во врска со ветото кон Македонија.

Јас сум подготвен и го подготвив македонскиот народ за евентуална блокада и тоа е прилично извесно. Во проценти повеќе е тоа извесно…но, сепак, никогаш не ја губам надежта затоа што одговорноста на политичарите е голема. Иако е ГАК на 17, има време, до декември. До крајот на декември е можноста за првата меѓувладина конференција. Очекувам крик на пријателство од бугарската страна – рече Заев.

Тој посочи дека Македонија и Бугарија имаат решено пеѕ историски личности и три историски периоди ќе има решение и за Гоце, а македонската Влада е спремна да почне имплементацијата во учебниците и на двете страни.

Од словенската јужна група на јазици излезени се македонскиот и бугарскиот, вели Заев прашувајќи зошто не е тоа доволно заедничко?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This