(Видео) 8-те секунди поради кои ќе падне случајот „Тортура“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Осум секунди многу веројатно дека ќе одредат судбината на седумте обвинети во случајот „Тортура“.

Првообвинет во овој случај покренат од неславното СЈО е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков кој е обвинет за кривично дело „„мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ“.

Покрај Мијалков во овој случај обвинети се уште седумина припадници на веќе расформираната единица „Алфи“ помеѓу кои се Ивица Анчевски, Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани.

Попладнево македонската јавност очекуваше пресуда за слуачајот, но наместо тоа судот се одлучи за повторување на главната расправа имајќи во предвид дека обвинителството не успеало во доказната постапка да презентира доволно докази со кои ќе се докаже дека во случајот „Тортура“ поради приведувањето на Љубе Бошкоски биле прекршени основните човекови права и слободи, дека било исполнето битието на делото како и кој од обвинетите за кое дело се терети.

Да се вратиме на почетокот и на клучните осум секунди од споменатата видео снимка од апсењето на Бошковски. Иако се заматени ликовите на полициските службеници од видеото јасно се гледа дека претседателот на партијата „Обединети за Македонија“ пружа отпор при неговот апсење. 3а време на неговото апсење тој е прилепен за автомобилиот како дел од стандардната полициска процедура, но во еден момент кој што трае не повеќе од 3 секунди Бошковски се обидува да побегне при што се врти кон лево, по што мора да асистира еден од колегите на полицискиот службеник кој го врши апсењето.

Ова видео не само што ги ослободува припадниците на МВР кои очигледно професионално и доследно ја извршувале својата работа со почитување на сите полициски процедури, ваквото однесување го ослободува од вина и екс директорот на УБК, Мијалков бидеќи дефакто нема дело, односно „Тортура“ како што и популарно се нарекува делото, a ако нема дело нема ниту поттикнувач на истото.

Во овој кривично правен настан за кој е обвинет Сашо Мијалков, засатапникот на обвинението не само што не презентираше доказ, туку нема наведено ниту една индиција дека Сашо Мијалков ги поттикнал преостанатите на извршување на кривичното дело кое им се става на терет, рече адвокатот Љупчо Шврговски во своите завршни зборови на рочиштето за случајот „Тортура“ кој се однесува на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година.

Поттикнувањето, образложи адвокатот, мора да се однесува на одредено лице и на одредено кривично дело.

„Поттикнувачот мора да го знае лицето кое го наведува на извршување на кривичното дело. Поттикнувачот мора да биде свесен дека друго лице наведува на извршување на кривично дело, истиот мора да биде свесен и за самото дело на кое поттикнува друго лице“, рече Шврговски.

Клучното кога станува збор за заинтересираноста на Мијалков за случајот со Бошковски е токму функцијата која Мијалков ја извршува во дадениот момент, а таа е директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Не смее, а да не се спомене фактот дека Бошковски беше прогласен за виновен за злоупотреба на службената должност и незаконско финансирање на изборна кампања.

Она што е многу важно е што парите кои ги земал Бошковски се од странски државјанин многу веројатно соработник на странска служба со нагласен грчки акцент, операција на странска држава каква што токму тогашното УБК е задолжено да ја спречи.

Посредникот со грчки нагласок му кажува на Бошкоски дека грчката влада е воодушевена од она што Љубе го прави.

Во јавноста тогаш се појавија и снимки кои јасно покажуваат дека поранешниот македонски министер и посредникот договараат давање на 70.000 евра за Бошкоски, а посредникот му дава во еден момент 10.000 евра и со потег со раката го крсти Бошкоски викајќи со господ напред да ти е.

Љубе Бошкоски во видеото говори дека сега морал да глуми лудило и да игра на патриотска карта пред гласачите, а кога ќе дојде на власт ќе го смени името за два дена, и потврдно одговора на предлогот на посредникот за именување на националност како граѓани на Република Македонија.

Токму наводниот триумфализам кај Сашо Мијалков на кој се повикува јавниот обвинител, додаде одбраната во завршните зборови, произлегува од горенаведената сатисфакција за успешно спроведената акција на МВР, а не како што сака да прикаже ОЈО на УБК, која е дел од МВР, потенцира одбраната на Мијалков.

„Дали Сашо Мијалков на било каков начин придонел за реакцијата на ОВЛС „Алфи“? Не, напротив, самиот Љубе Бошкоски ја испровоцирал реакцијата на алфите бидејќи истиот се дал во бегство и пружал активен-пасивен отпор при обидот да биде лишен од слобода. Доколку Бошковски не се дал во бегство, не ги фрлил 100-те илјади евра сакајки да се ослободи од доказот на кривичното дело и не пружал отпор, немало да дојде до употреба на минимална сила пропишана во правилниците за работа при такви ситуации, со што се потврдува фактот и вистината дека никој однапред не им наложил на полициските службеници да употребат сила, што впрочем и самите го потврдија во своите одговори на прашања поставени од судот. Токму фактот што Бошковски во таа полициска акција бил фатен во довршување на кривичното дело за кое што е подоцна и осуден, и срамот кој што го доживеал наспроти лажниот морал кој го пропагирал, го мотивирало во истражната а подоцна и во судска постапка по овој предмет да изнесува лажни сведоштва полни со измислици и невистини за постапувањето на полицијата на критичниот ден, со цел да се рехабилитира самиот себе си представувајќи се како жртва во овој кривичен предмет “, додаде Шврговски во својата анализа на доказите кои, како што најави на почетокот, ги подели во две групи.

Бошковски е лишен од слобода на јавно место, фатен e како зема пари за себе и ден, пари кои за негова несреќа многу луѓе ги виделе, но го виделе и обидот да се ослободи од нив како доказ откако добил наредба “стој полиција“. Наредба по која сфатил дека е откриен и фатен при извршување на кривично дело.

Токму по наредба “стој полиција“ тој почнал да бега и ги фрлил парите заедно со кесата неколку метра од него – на другата страна од неговото возило, со цел да не му бидат фатени во рацете.

Ова е уште еден класичен пример за давање на активен отпор кој дава за право да се примени средство на принуда и во легната положба.

Сега на потег е обвинителство имајќи во предвид дека не успеало без разумен сомнеж да му докаже на судот дека било кој од обвинетите сториле кривично дело, туку како што се гледа и од видеото професионално си ја извршувале задачата.

Судот мора да се ослободи од стегите и притисоците без разлика дали станува збор за притисок од јавноста или политиката.

Oва е целото видео од каде е снимен извадокот на кој што одлично се гледа дека Бошковски пружа отпор при апсењето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This