(Видео) Aмерика гopи: Со 160 километри на саат удри во толпата на БЛМ – толпата го пpeтепа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Возач со големи брзини удри во демонстрантите на Блек лајвс матер синоќа во областа Аптаун во Минеаполис пред да биде извлечен од неговото возило и претепан од толпа.

Инцидентот, за кој возачот се изјасни дека „не сакал да го предизвика“, остави една жена мртва, а друга во болница во критична состојба.

Во неделата околу 23.40 часот, возачот со голема брзина удри во толпа на ВЛМ, пренесува Дејли Меил

Снимката снимена од демонстрант покажува како возачот го дават на патот додека крвта му се слева по челото.

Лицето што снимаше вика: „Овој **** мина со 100 милји на час, удри во толпата со својот автомобил и ја уби.“

Возачот ја молел полицијата додека инсистирал дека тој не сакал да удри во демонстрантите.

По неколку минути пристигнала полицијата која го однела возачот со лисици. Властите допрва треба да наведат дали инцидентот бил намерен напад или кој бил мотивот.

Толпата БЛМ сè уште демонстрира во врска со полициското пукање врз 32-годишниот Винстон Смит, кој беше убиен откако извадил пиштол и наводно пул кон американската полиција кои се обидувака да го уапси.

Смит се бараше со федерална потерница и беше уапсен најмалку 20 пати од 2007 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This