(Видео) „Aмин Боже дeзинфициpaj“: Oмилeниoт косовски пoлитичap нa Вучиќ ce пpeкpcти пpeд тyнeл зa дeзинфeкциja и гo „зaпaли“ Твитер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот градоначалник на Северна Митровица, Горан Ракиќ, се прекрсти при влегувањето во тунелот за дезинфекција.

Имено, директорот на Кабинетот на Владата на Србија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, пред два дена организираше службена посета на вработените во Здравствениот дом во Звечан. Тој беше придружуван од претставникот на Српската листа, Горан Ракиќ.

На виралното видео на порталот Коссев, објавено на Твитер се гледа како Петковиќ, Ракиќ и уште неколку други мажи се приближуваат до здравствениот дом пред кој има тунел за дезинфекција.

Откако сите минуваат низ тунелот, Ракиќ ги извади очилата и се прекрсти пред да влезе да се дезинфицира во пластичниот тунел.

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.

Многу од корисниците на Твитер сè уште не можат да си поверуваат на очите и се чудат. Но, сите навистина го видоа првиот човек на Српската листа и воедно омилениот претставник на Србите од Косово на Александар Вучиќ како пред да влезе да се дезинфицира направи гест како да е пред верски храм.

Многумина коментираа: „моли се и дезинфицирај“, не изостанаа ниту коментари во стилот: „Што е ова по ѓаволите?“, „За вистинскиот верник сè е црква“, „Исусе Христе“…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This