(Видео) Cиpoмaшни фapмepи се збoгaтилe пpeку нoќ: “Пapитe ни пaѓaa од нeбo”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Илјадници луѓе потрчаа во оддалечен бразилски град откако стотици метеори стари 4,6 милијарди години почнаа да паѓаат „како дожд“ од небото, пренесува Дејли меил.

Досега се пронајдени дури 200 фрагменти од метеорит што паднал на 19 август во Санта Филомена во североисточен Бразил. Најголемиот тежел 40 килограми и вреди повеќе од 20 000 американски долари.

Локалните жители метеоритската бура ја нарекуваат чудо и денот кога паѓеле парите од небо. Се верува дека метеоритот е редок камен кој датира уште од времето на потеклото на Сончевиот систем – пред да се формира Земјата.

Само 1% од метеоритите се од овој вид, а примероците можат да се продаваат за десетици илјади фунти. Луѓето од сиромашниот рурален град кои ги пронашле фрагментите веднаш се збогатиле.

Студентот Едимар да Коста Родригес (20) се присети дека бил дома во Санта Филомена кога го видел небото „исполнето со чад“. Потоа започнал да добива пораки на WhatsApp од соселаните кои тврделе дека од небото паѓаат камења.

Родригес излегол на улиците и покрај католичката црква на главниот градски плоштад пронашол метеорит широк 7 см и тежок 164 г. Тој вели дека подоцна го продал на американски тракер за метеорити за околу 1.000 долари.

Повеќето од најголемите парчиња биле пронајдени околу црквата, што дополнително го убедило локалното население дека реткиот метеорит е дар од Бога.

Бразилскиот национален музеј преговарал за едно парче метеорит со тежина од околу 2,8 кг за цена од околу 15 илјади долари. Родригес вели дека цената е скоро 5,50 долари за грам, но исто така и дека расте, со оглед на тоа што пред неколку дена беше скоро половина пониска.

“Деведесет проценти од населението на градот го сочинуваат земјоделци. Нема многу продавници или нешто што создава работни места. Тоа е скромно место со луѓе со ниски плати. Многу луѓе пронајдоа парчиња метеорити и тоа се случи во вистинско време затоа што навистина им требаат пари за да ги платат сметките ”

Само неколку часа по падот на метеоритот, приватни колекционери од САД и Уругвај се појавиле во зафрлениот бразилски град. Кога четворица научници од бразилскиот национален музеј пристигнале во Санта Филомена ден по падот на метеоритот, единствениот хотел во градот бил преполн и тие морале да изнајмат соби кај локално семејство.

Габриел Силва од Институтот за хемија на Универзитетот во Сао Паоло изјави дека станува збор за хондрити, еден вид камен метеорит, кој се формирал пред да се формира Земјата.

И додека локалното население ги трие рацете, дел од бразилската јавност не се согласува со нив и смета дека треба да им се забрани да собираат камења и да ги продаваат на странци. Силва се согласува со нив и вели дека треба да отворат музеј во градот и да ги изложат карпите, што ќе привлече туристи и ќе овозможи научни истражувања на ретките метеорити.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This