(Видео) НБРМ: Бaнкитe мoжaт да oвoзмoжaт yштe 6 мeceци oдлoжeнa oтплaтa на кpeдитнитe oбвpcки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Банките ќе можат да одобруваат и втор период за одложување на отплатата на кредитите.

Како последица на продолжените негативни ефекти од корона кризата народната банка соопшти дека создала законски предуслови за банките да имаат можност повторно да воведат одложување на ратите за кредититеовојпат до 6 месеци односно најдоцна до март 2021 година. Во соопштените од народна банка се вели

Со регулаторните измени коишто ги донесе Советот на Народната банка, предвидено е дека банките можат на своите клиенти да им понудат и втора поволна промена на договорните услови за кредитните производи. Целта е да се помогне на оние клиенти кои се негативно погодени од пандемијата на ковид-19. Условите и начинот на промена на договорните услови за втор период на одложување на отплатата на обврските по основ на кредит треба да го дефинираат банките

Од Народна банка очекуваат банките да имаат јасно дефинирани понуди и критериуми за одобрување со цел да им се помогне на клиентите кои се погодени од здравствената криза. До крајот на септември завршува првиот период на одложена исплата на кредитите. Од македонската банкарска асоцијација во согласност со регулативите од народната банка се подготвува и за објавување на сите детали за вториот период на одложување за кој секоја банка ќе ја објави постапката и методолигијата на своите интернет страници по што граѓаните ќ еимаат рок од 10 дена да се одлучат дали им е неопходно второ продолжување

Согласно со регулативата на Народната банка, имајќи ги предвид продолжените несакани ефекти од пандемијата на ковид-19 врз економијата и врз животот на граѓаните, банките во Македонија ќе овозможат втор период на одложена отплата на кредитни производи, само за клиенти кои имаат реална, неопходна потреба, како на пример: останале без работа, имаат намалени месечни примања, високи трошоци за лекување и сл

Дека корона кризата има сериозни еконосмки последици и дека голем број граѓани во недостиг на доволно информации мислеа дека заради короната ќе добијат пауза од пет месеци во плаќањето на кредитите говори податокот дека 70% од клиентите кои имале кредитие ја приофатиле понудата за одложување на плаќањето на ратите. Со тек на време голем дел од граѓаните добро ќе размислат за ново одложување откако увидоа колку дополнително им тежи кредитот по завршуивањето на првото одложување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This