(Видео) Caмo пapи дa ce “цицaлo” oд нapoдoт..: Двe нoви пaтapини oд Скопје дo Штип – Граѓаните за 47 километри ќе имаат дoпoлнитeлeн тpoшok..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Следниот месец почнува изградбата на 2 те нови патарини на автопатот Скопје-Штип. Едната, во Преод, ќе чини 50, во Кадрифаково 70 денари. Ова значи неместо сегашните 40, патувањето од главниот град до Штип, во должина од  47 километри граѓаните ќе ги чини 160 денари во еден правец, објавува Сител.

Ќе се модернизираат и 5 те постоечки наплатни рампи – во Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар, но од Државни патишта велат дека за сега, не се предвидени повисоки цени за овие патарини.

Со повеќе од половина година задоцнување, избран е конзорциумот Асeлсан Жикол, кој за 12,5 милиони евра ќе ги реконструира  патарините.

Инаку, ковид пандемијата негативно се одрази и врз приходите на Јавното претпријатие. Според финансиските извештаи, во вториот квартал тие биле за 60% пониски отколку во 2019 та, а во месеците јули, август и септември, поради промашената туристичка сезона и затворените рампи во Грција, падот е скоро 70 отсто. Патишта за цела година очекувале да соберат скоро 49 милиони евра, само од користење на автопатите, но за трите квартали наплатата достигнала едвај 27,8 милиони евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This