(Видео) Ceдницa нa coбpaнискaтa кoмиcиja зa евpoпcки пpaшaња

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со критики за злоупотреба на европското знаменце, процедурални забелешки и меѓусебни навреди, започна дводневната комисиска расправа за Законот за државјанство во Собрание.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица реагираат зошто власта не организира јавна расправа, убедени се дека законот не е во интерес на граѓаните кои немаат државјанство, туку само за категорија на луѓе кои во моментов воопшто не живеат во Македонија.

Секоја конструктивна забелешка ќе биде прифатена и законот нема да ги фингира резултатите од претстојниот попис, уверуваат од Алијанса и Алтернатива. Според нив, законот не е предложен од етнички причини.

Вкупно 1006 амандмани се поднесени за законот, најголем дел од пратениците од Левица, но скратената постапка ја ограничува расправата на само уште еден работен ден. Со новите измени, граѓаните од СФРЈ кои до независноста на Македонија живееле на територијата на земјава, ќе може да добијат државјанство со приложување на еден од понудени 16 документи – меѓу кои и свидетелство, сметка од платена струја, работничка книшка, отпустен лист од болница во Македонија или штедна книшка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This