April 26, 2024, 10:34 pm

(Видео) Ce aктивиpaшe вyлkaнoт Таал во близинa нa Мaнилa – зaгpoзeни речиси 300 илјади луѓе поpaди иcфpлaњeтo нa oтpoвниoт гac

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вулканот Таал, што се наоѓа на околу 50 километри јужно од филипинската престолнина Манила, веќе една недела исфрла отровен гас, што може да загрози речиси 300.000 луѓе и ја покри Манила и околните области со смог.

Таал се наоѓа во средина на езеро и е еден од најактивните вулкани на Филипините, земја во таканаречениот „Пацифички огнен појас“, област со исклучителна сеизмичка и вулканска активност.

Најмалку 2.400 жители од околните села веќе ги напуштиле своите домови и се засолниле кај роднините или во училишните згради затворени поради коронавирусот, а се планираат и натамошни евакуации.

Таал последен пат еруптираше во јануари 2020 година, кога 135.000 лица биле евакуирани, а десетици куќи беа проголтани од вжештената лава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This