(Видео) Eкс претседателот како ТИTO – Xиcтepиja поpaди Tpaмп на Флopида

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доскорешниот претседател на САД, се појавил прв пат во јавноста откако за викендот во Сенатот не бил осуден за поттикнување на бунт на 6-ти јануари и упадот на демонстрантите во Капитол Хил, па му бил приреден дочек за памтење.

Доскорешниот претседател на САД, Доналд Трамп, бил дочекан на Флорида по враќањето од голф-викендот како вистински херој – стотина луѓе вееле знамиња со неговото име, фотографии и натписи “Да ја направиме Америка повторно голема”, додека многу припаднички на понежниот пол не можеле да ги задржат солзите. Некои дури и ја изгубиле свеста додека во транс го повторувале името на поранешниот претседател.

Собирот за поддршка на Трамп бил организиран кратко откако за викендот пропаднал обидот на демократите да го осудат за поттикнување на бунтот на 6-ти јануари и упадот на демонстрантите во Конгресот.

Токму при враќањето во Палм Бич на Флорида Трамп прв пат бил виден во јавноста откако почнало судењето, а според наводите на медиумите, изгледало дека и самиот тој бил збунет од дочекот кој му бил организиран.

“Наскоро ќе излеземе во јавноста со проект за нашата светла, совршена и неограничена американска иднина. Нашето историско, патриотско и прекрасно движење да ја направиме Америка повторно голема само што започна”, им порачал поранешниот шеф на САД на своите приврзаници по ослободителната пресуда во саботата.

Со тоа, како што се шпекулира, индиректно ја најавил кандидатурата за претседателските избори во 2024-та година, од што демократите предводени од новиот лидер на САД, Џо Бајден, најмногу стравуваат.

Потсетуваме, Сенатот во саботата гласал со 57 гласови за 43 гласови против за осуда на Трамп, меѓутоа, било потребно уште 10 сенатори да ја поддржат таа идеја за истата да биде прифатена со двотретинско мнозинство.

Е

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This