(Видео) Eckaлиpaaт нecoглacyвaњaтa пoмeѓy Ковачки и Шеќеринска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тензија и препирки во Министерството за одбрана. Ескалираат недоразбирањата помеѓу полковникот Драган Ковачки и министерката за одбрана.

Шеќеринска обвинува дека Ковачки на работното место се однесувал како партиски војник на ВМРО-ДПМНЕ и дека добил дисциплинска мерка од една третина пониска плата во траење од шест месеци поради  јавни партиски настапи и закани и клевети против началникот на Генералштабот и против Врховниот командант, претседателот Пендаровски. За најавата дека полковникот Ковачки ќе ја тужи, Шеќеринска вели

– Да бев како полковникот Ковачки требеше да му вратам на твитер со “Ем лажго ем плачко“. Воено дисциплинската комисија до мене даде предлог, Ковачки да го загуби чинот и работата и најверојатно во други држави тоа би требало да се случи. Меѓутоа таквата одлука сметав дека ќе му даде шанса на човекот кој една година глуми жртва, тоа да продолжи да го прави. – изјави Радмила Шеќеринска МО.

Полковникот кој е и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ вели дека министерката манипулира и објавува детали од интерни армиски постапки. Според него ова е наместен случај.

– Ми наместија дисциплинска постапка за која комисијата составена од генерали веќе се произнесе дека нема елементи за казна, но Шекеринска дополнително си формира своја комисија во која дури има и лица кои се помали по чин од мене и без ниеден доказ донела Решение за да ме казни на плата. Чист аматеризам и своеволие. Сега ќе си добиете по една тужба и тоа што сте го објавиле ќе мора да го докажете, ама не пред партиска комисија, туку пред Суд. А ќе ја повикам и јавноста да го следи процесот. – изјави Драган Ковачки.

Ковачки синоќа доби партиска поддршка од ВМРО ДПМНЕ. Лидерот на партијата Мицкоски на фб напиша дека полковникот ја кажал вистината, но и дека долга е раката на ВМРО како и на вистината.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This