(Видео) KABГА ВО СОБРАНИЕТО: Се обидоа ли пратениците од власта да го спacат Димитров од kpитика?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ и ДУИ сакаат да го поштедат Димитров од критики за фијаското во Брисел. Бурни реакции од опозицијата на барањето на пратеникот Артан Груби кој по едночасовното излагање на министерот влезе во салата и побара еден час пауза за да се изготват стенограмски белешки од обраќањето на Димитров. Претседателот на Комисијата за надворешна политика, Милошоски рече дека играта е очигледна и оти пауза не дава.

-Играта е очигледна, одговорноста за неуспех ја носат министерот Никола Димитров и Бујар Османи да не се дискутира пред камерите, ова е смислената тактика, изјави Милошоски.

-Ова е Деловнички имам право да побарам пауза, изјави Артан Груби.

Збор доби Димовски кој реплицирајќи му на министерот за тоа дека последниот вистински обид да ги отвориме вратите на ЕУ бил во 2012 и дека немало успех, рече дека разликата е огромна бидејќи сега се вложени националните интереси, а успех пак нема. Димитров пак и денеска избегна да каже дали чувствува лична одговорност. Само посочи дека одговорност има за испуштени шанси.

-Последниот вистински обид да ги отвориме вратите беше во времето на комесарот Фул паралелно да се одвиваат и преговорите и решавањето на прашањето за името. Во сите заклучоци беше наведено дека прашањето за името е суштинско, рече Димитров.

-Овој неуспех е поголем од тој во 2012та година заради тогаш што таа влада чиј амбасадор сте биле и вие одлучила дека овие клучни национални теми нема да ги стави на маса, рече Димовски.

Опозицијата е децидна дека Владата требала да понесе одговорнос за бриселската одлука, а не да бара виновници.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This