(Видео) Kapaкачанов бара aнeкc на Договорот за добрососедство: „Ние сме ист народ со исти јазик“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во своето последно интервју бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов ги повтори своите ставови по однос на прашањето за постоењето на македонски народ и јазик. Тој, вели дека се надева дека ветото за Македонија ќе е на некој начин студен туш и отрезнување за политиачарите во Македонија

-Прогноза е дека сега ветото на Бугарија ќе биде еден студен туш за нив (н.з. Македонија). Се надевам дека тој студен туш ќе дејствува како што дејствува на еден пијан човек кој живее во илузиите создадени од испарувањето на алкохолот. Малку едно отрезнување, седнување на маса и чесен дијалог меѓу народи кои имаат општа историја и говорат еден ист јазик. Тоа очекуваме. Ако не, нема проблем, ние не брзаме.

Тој посочи оти не им верува на македонските политичари и токму поради оваа причина бара Македонија и Бугарија да потпишат анекс на Договорот за добрососедство со кој ќе прифатат дека Македонците и Бугарите се ист народ кој го говори истиот јазик.

-Да, треба да има писмен документ, јас на изјавите на скопските политичари и министри не верувам. Три години слушаме само убави нешта. Прво, јасно и категорично признание за тоа дека историјата на Македонија до 1944 година е дел од историјата, културата и јазикот на бугарскиот народ. Второ, нивните напори за создавање на некаков посебен идентитет, датираат после 1944 година. Трето, и покрај ова, на територијата на Република македонија има луѓе, кои и покрај државната политика имаат бугарски чувства и го нарекуваат својот јазик бугарски. Анекс го кажав, може да е меморандум, може да е нов договор, како сакате речете го, идејата ми е да биде потпишан, затоа што не им верувам на убавите изјави.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This