(Видео) Peмдесивир се швepцува во Македонија, граѓаните плаќaaт вртоглави суми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 8 ноември потрпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски предупреди дека во Македонија се уште не се увезува еден од најефикасните лекови за Ковид 19, лекот „Ремдесивир“. Да постсетиме дека Инфомакс вчера објави дека државата не дозволува интервентна набавка на лекот од страна на приватните болници.

-Не е голема тајна ако кажам дека лекот кој што дава резултати во Македонија го нема, а истиот се шверцува за големи пари. Исто така не е голема тајна ако кажам дека македонската Влада имаше намера да ја приватизира Војната болница или да ја приватизира брзата помош или стеризацијата како во Албанија. Прашањето е што ќе правеа тогаш оние кои што немаат пари? Затоа е потребен концепт. Првиот чекор е она кое што го споменавте вие, во Собранието да се усвои Законот на ВМРО-ДПМНЕ за да се формира една Комисија од домашни и странски најдобри експерти кои што ќе помогнат во решавање на оваа ситуација бидјќи во моментов имаме стихија во Македонија, вели Николоски.

Инаку со „Ремдесивир“ се лекуваше лично американскиот претседател Доналд Трамп, кој иако е во доцните 70-ти години успеа да ја победи заразата за само неколку дена.

Гостување во вестите на ТВ Сител

Денес во вестите на ТВ Сител разговаравме за сите актуелни случувања во Македонија, блокадата од Бугарија и лошата ситуација во која ја донесе Заев државата како и за и потребата да се формира Влада за национален спас, интензивната соработка со Алијанса и Алтернатива и постулатите врз кои се заснова таа соработка како и за несериозноста на власта и лошото справување со корона кризата. Погледнете го моето денешно интервју.

Posted by Aleksandar Nikoloski on Sunday, November 8, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This