(Видео) Teшки мyaбети: Бaбaтa нa Шекepинска и дeдoто на Миjaлков заедно се пишале Бугapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во најновата епизода на подкастот „Тешки муабети“ се говореше за врховизмот во Македонија. Оваа тема се начна како логичен след на претходната каде се говореше за недостаток македонска елита која ќе ги артикулира македонските национални интереси посочи водителот Милош Милошевски. Тој потенцираше дека врховизмот по дефиниција е слугување и одработување за туѓ странски центар на моќ наместо за сопствениот народ, на што се надоврза, Љупчо Палевски.

-За време на Југославија, врховистите беа најголеми Југословени, за време на Втората Светска Војна беа сите Бугари и тие семејства изнедрија и денеска политичари. Како на пример Радмила Шекеринска. За време на Втора Светска Војна во Штип, Радмила Шекеринска  има баба на татко и мајка која бара пензија затоа што е вдовица со неколку деца и е сиромашна и не може да ги издржи тие деца. Бара пензија, кметот штипски ја упатува кај министерот во Софија да пополни обрасци, но и да најде двајца сведоци. Едниот е Шумански, вториот е дедото на Сашо Мијалков, прадедо или татко на Јордан Мијалков. Сите тројца се сведоци каде се пишува дека се Бугари за пензија е тоа, стануваат Бугари од различни причини. Бабата на Шекеринска тврди дека нејзиниот сопруг бил бугарски четник кој бил убиен од српските војници. Тоа семејство и во Југославија беа најголеми Југословени, таткото на Шекеринска си направи како Југословен кариера во ЕСМ. Радмила, третото колено направи супер кариера како американист, истакна тој.

Палевски го напомена дека никој не ни помислил дека токму СДСМ ќе биде тој кој што ќе ја спроведува старата врховистичка политика на Бугарија во однос на македонскиот народ и Маедонија.

-Никој не очекуваше дека СДСМ ќе биде тој кој ќе ја реализира старата врховистичка политика во однос на македонскиот народ и Македонија како негова држава, да реализира туѓи интереси и затоа и беа толку ефикасни во овие три години. Врховистите го избришаа името, ни ја украдоа старата историја, тие ја нарекуваат античка историја и експресно влегоа во потпишување на Договорот со Бугарија кој е завршен удар врз македонскиот народ, бидејќи се проблематизираат личности од нашата историја, се проблематизира македонскиот јазик кој е темел на македонскиот народ, додаде Палевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This