(Видео) „Teшки мyaбети“: Пpeтepaa co oлaбaвyвaњето на мepките пpeд избopи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во своето гостување во емисијата „Тешки муабети“, профсерот Никола Пановски укажа на мешањето на политиката во науката кога станува збор за пандемијата со коронавирус. Според него пред избори рестриктивните мерки за коронавриусот пребрзо се олабавија за да политичарите им се допадната на граѓаните, а со тоа им се отежна работата на здравствените работници кои ниту за време на летото не земаа здив за да можат да ја продолжат борбата со пандемијата во септември во налет на есенскиот бран.

-На пример пререстриктивни мерки имавме на почетокот што може да се разбере до некаде, нагло отпуштање на мерките што немаше научно оправдување. Да речеме бесплантно се возат со автобус пензионерите во мај, а во април можеле само два часа да излегуваат надвор. Тоа малце го претераа со изборите, тоа го направи и Србија ама го направи на две недели пред избори. Не го направи месец и пол пред избори и тоа беше контраефект. Тука беше една грешка. Мислам дека тие мерки требаше поблаго да се отпуштаат. Второ требаше да се ограничат жариштата. Тоа беше Штип, текстилната индурстија, Чаир и Сарај. Ова пак ќе не чекаше, но здравствените работници ќе беа повеќе одморени и сега другото е се повикуваа дека техничката Влада не може да контролира, меѓутоа не видовме разлика ниту кога не е техничка Влада. Самите рекоа дека имало илјада свадби во септември. За жал не смееше да се дозволи да стартуваме со 200 случаи на ден во септември, пред доаѓање на есента. Јасно беше дека тој број ќе се зголеми 2-3 пати само заради заладувањето. Друго е да почнете со 50 на ден, а друго е со олкав број, вели Пановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This