(Видео) Tpaгичнa cooбpaќajнa нecpeќa вo Индија: Нajмaлкy 40 лицa зaгинaa вo нecpeќaтa, cпaceни ce ceдyм, ce тpaгa пo ocтaнaтитe..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Над четириест луѓе загинаа во соображајна несреќа во Индија, кога автобус се преврте и падна во канал, а во него имало над педесет патници.

Автобусот излетал од патот во Маџа Прадеш, при што седуммина од патниците, вклучувајќи го и возачот се спасени. Спасувачките екипи ги бараат останатите патници, пренесе Би-Би-Си.

Според изјави на сведоци, до несреќата дошло кога возачот изгубил контрола врз возилото по што тоа ја пробило заштитната ограда на мостот и паднало во каналот.

Индискиот премиер Нарендра Моди на Твитер изрази сочувство до семејствата на жртвите и најави дека тие ќе добијат обештетување.

Според полицијата стотици индијци секоја година го губат животот во сообраќајни несреќи, а најмногу поради неприлагодена брзина на условите на патот и несовесно возење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This