(Видео) Tpaорна атмосфера во СДСМ: Ја нема еуфоријата која беше присутна изминатите години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес СДСМ одржа вонредни внатрепартиски избори за лидер на партијата. Вонредните избори следуваа откако Зоран Заев си поднесе оставка по катастрофалниот пораз на локалните избори. Доцна вечерва беа соопштени и официјалните резултати од гласањето, според кои нов лидер на СДСМ е Димитар Ковачевски, фаворитот на поранешниот лидер Заев.

Камерите на екипата на Инфомакс, која го следеше настанот на лице место, забележа дека годинава отсуствува вообичаената еуфорија која вообичаено следува по избор на лидер на партијата. Недостигаше победничкиот дух, како и атмосферата која се чувствуваше во изминатите години.

Победникот на денешните внатрепартиски избори, Димитар Ковачевски, победата ја однесе со над 30 000 гласови добиени од членовите на партијата. Второпласирана беше Фросина Ременски, со околу 3000 гласови, додека на третата позиција беше Деспотовски, со околу 2000 гласови.

Она што беше забележливо беше тоа што сите кандидати на некој начин се залагаа за внатрепартиско обединување, сплотување и застанаа зад Ковачевски, иако и Деспотовски и Ременски истакнаа дека во овие моменти не планираат да бидат дел од новото раководство на партијата односно не планнираат да имаат некоја висока партиска функција, а својот ангажман во партијата ќе го продолжат како обични членови.
На прашањето на новинарот Милошевски од Инфомакс за ставот на новото раководство на СДСМ за спорот со Бугарија, односно ставот на владата, доколку Ковачевски би ја предводел како нов мандатар, новоизбраниот лидер на СДСМ невешто го одбегна одговорот и само го нагласи дека Резолуцијата изгласана во собранието ќе биде водилка во решавањето на спорот со Бугарија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This