Останува мојот kpитички однос: Ременски му честиташе победа на Ковaчевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Единствената жена-кандидат на вонредните внатрепартиски избори во СДСМФросина Ташевска Ременски, која освои 2.836 гласови од социјалдемократите, очекува со изборот на Димитар Ковачевски за нов лидер СДСМ да се врати на победничките шини. Таа им се заблагодари на членовите и симпатизерите на партијата кои гласаат за нејзината кандидатура за претседател на СДСМ.

Сакам да им се заблагодарам на сите членови кои не успеаја да го остварат своето право на глас денеска како нешто на што мора да се работи во иднина. Да работиме на обединување и почитување на слободата, единството, обединување и солидарност како социјалдемократски вредности. Останува мојот критички однос кон партијата зошто само така ќе го изградиме СДСМ. Да седнеме сега на заедничка маса и да си подадеме рака, рече Ременски.

Таа потсети дека во нејзината кандидатура имаше симболика со „16 дена женски активизам“ со надеж дека ќе ги поттикне жените да го добијат заслуженото место на политичката сцена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This