(Видео) Xaoc во Авганистан по заминyвањето на Американците: Русија ќе се бpaни од базата во Таџикистан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ситуацијата во Авганистан драматично се влошува, предупреди рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, додавајќи дека Русија ќе стори се за да ги заштити сојузниците од Колективниот договор за одбрана (Киргистан, Таџикистан, Казакстан, Белорусија, Русија, Ерменија) од потенцијални закани, вклучително и ангажирање на нејзината база на границата меѓу Таџикистан и Авганистан.

„Ќе сториме сè, вклучително и ангажирање на нашата воена база на границата меѓу Таџикистан и Авганистан, за да спречиме какви било обиди за агресија против нашите сојузници“, рече Лавров за време на посетата на Лаос.
.
Тој додаде дека Русија внимателно ја следи состојбата во Авганистан. Тој исто така рече дека претседателот на Русија, Владимир Путин, деновиве телефонски разговарал со лидерите на Таџикистан и Узбекистан, а исто така е во контакт и со лидерите на другите земји од Централна Азија.

„Обврските во рамките на КДО остануваат во полна сила“, додаде министерот.

Претставници на Секретаријатот на КДО вчера посетија дел од границата за да ја проценат состојбата и ќе поднесат извештај до Постојаниот совет на организацијата.

Да потсетиме, конфликтите меѓу владините сили и талибанците продолжуваат во Авганистан, кои окупираа значителен дел од територијата во руралните области и започнаа офанзива врз големите градови.

Нестабилноста во земјата е во пораст, особено ако се земе предвид дека Вашингтон вети дека ќе ги повлече сите свои трупи до 11 септември.

Минатата година Вашингтон и Талибанците го потпишаа првиот договор за мир во последните 18 години во Доха, кој предвидува повлекување на странските сили, размена на затвореници и почеток на дијалог меѓу силите во Авганистан.

Видеото можете да го погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This