Неколку илјади луѓе протестираат против рестриктивните мерки, особено во Мелбурн, каде што демонстрациите прераснаа во судир со полицијата, која употреби солзавец и гумени куршуми.
Демонстрации се одржаа и во Бризбејн и Сиднеј, каде полицијата уапси многу демонстранти.
Човек кој наводно нападнал полицаец е меѓу 47 -те уапсени извршени за време на денешните анти-локдаун протести во Сиднеј.
Полицијата на Нов Јужен Велс издаде повеќе од 260 известувања за прекршоци, бидејќи поради масовниот атни-локдаун протест.
Министерот за полиција на Нов Јужен Велс, Дејвид Елиот, им се заблагодари на 1500 полицајци што ги обезбедуваа денешните анти-локдаун демонстрации посоќувајќи ги демонстрантите како „срам“ за државата.
„Дејствата што ги преземаа најверојатно ќе го продолжат заклучувањето за кое протестираа“, рече Елиот.